Македонија 04. февруари 2021. / 13:03

Протест на административците во ГОБ „8 Септември“, 195 од нив не добиле помош од државата

Протест на административците во ГОБ „8 Септември“, 195 од нив не добиле помош од државата

Вработените во администрацијата и техничкиот персонал во ГОБ „8 Септември“ денеска протестираат и бараат да им исплати еднократната помош од 30.000 денари.

Настапија со транспарент „И ние сме здравство и работиме во ковид болница“.

Тие бараат да им се исплати паричен надоместок, бидејќи и тие исто како лекарите се изложени на ризик додека работеле со пациентите заразени од ковид 19.

-Сакаме да го истакнеме нашиот револт, со понижувачкиот и некоректен однос кон нас. Со одлука на влада им беше исплатен еднократен паричен надоместок за сите вработени во ковид центите, освен на нас 195 вработени кои бевме изземени од мерката. Ние сме постојано вклучени во процесот на работа и поддршка со ковид пациенти. Без право на користење годишни одмори и отсуства, сме во неможност да работиме од дома, изјавија административците кои денеска излегоа на протест пред влезната врата на ГОБ 8ми септември, која со месеци функционира како ковид центар.