Македонија 06. мај 2020. / 15:22

Проштална средба на Димитров со германскиот амбасадор Герберих

Проштална средба на Димитров со германскиот амбасадор Герберих

Министерот за надворешни работи Никола Димитров го прими во проштална средба, амбасадорот на Германија во земјава, Томас Герберих.

Во оваа пригода, како што соопштри МНР, Димитров ја истакнал значајната улога на амбасадорот Герберих во развивањето на билатералните односи помеѓу С. Македонија и Германија, како и неговата професионалност и лична посветеност за унапредување на соработката во повеќе области.

– Министерот за надворешни работи потенцираше дека Германија традиционално се вбројува во најважните надворешно-политички и економски партнери на Северна Македонија, укажувајќи при тоа и на фактот што, токму во изминатите три години билатералните односи забележаа огромен напредок. Зголемувањето на заемната економска соработка и меѓусебната трговија ја прави Сојузна Република Германија најголем надворешнотрговски партнер на С. Македонија, се вели во соопштението од МНР.

Министерот Димитров воедно, се осврнал на континуираната и безрезервна поддршка и улогата на Германија во полза на евроатлантските и европските интеграции на С. Македонија, што, како што посочил, резултирало со неодамнешното заокружување на приемот во НАТО и одлуката на Европскиот Совет за почеток на преговори за членство со нашата земја.

Истакнувајќи дека С. Македонија длабоко ја цени поддршката од Владата и од сите политички актери во Германија, министерот се заблагодарил за искреното пријателство и посветениот ангажман на амбасадорот Герберих во овој контекст.