Филипче и Заев се директно одговорни што луѓе умираат поради недостаток на кислород и места во болниците, со оставка ќе спасат животи. И додека се случуваат овие црни сценарија, Филипче и екипата на Заев прогласија кризна состојба, а паралелно тераат и избори во Штип, обвинуваат во утринското соопштение од опозицијата.
Според нив, резултат на неспособноста на Филипче се повеќе од 1500 починати лица или поточно 1511 граѓани. Или Македонија во регионот и во во Европа по бројот на починати на милион жители е на врвот на листите.
-Филипче за девет месеци од почетокот на епидемијата со корона покажа и докажа само едно нешто – дека е неспособен и дека не знае да се справи со последиците од корона кризата. Филипче остава секојднево да умираат десетици граѓани. Филипче секој ден завива десетици семејства во црно, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Понатаму обвинуваат дека министерот Филипче за девет месеци не обезбеди болнички кревети, граѓаните ги остави да чекаат по ходниците, ама и да умираат по ходниците на болниците, ги остави без доволно и без соодветна терапија, нема кислород за болните или се чека по неколку саати што завршува погубно по животите на граѓаните.
-И додека се случуваат овие црни сценарија, Филипче и екипата на Заев прогласија кризна состојба, а паралелно тераат и избори во Штип. Трети ден од кризна сотојба нема ни една мерка, која им е намерата од АРМ да направат агенција за обезбедување?! За сето ова мора да има одговорност – веднаш!, стои во соопштението.