Македонија 06. февруари 2019. / 14:34

Професорката Силјановска ќе ја претстави својата визија пред членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров

Професорката Силјановска ќе ја претстави својата визија пред членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров

Професорката Гордана Силјановска Давкова денеска ја започнува внатрепартиската кампања за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Таа попладнево ќе ја претстави својата програма и визија пред членовите и симпатизерите на партијата од Ѓорче Петров, објави Независен весник.

Во следните осум дена, заклучно до конвенцијата во Струга, сите девет пријавени кандидати имаат еднакви можности да се претстават пред општинските комитети.

– Ние како партија на сите ќе им овозможиме еднаков пристап до општинските комитети со цел да ги претстават нивните идеи и планови. Сите кандидати ќе имаат идентичен третман и еднакви можности да бидат избрани согласно принципите на демократија. Транспарентноста и демократијата на процесот се со цел да биде избран кандидат кој ќе го претставува мнозинското мислење на граѓаните и ќе работи во согласност со Уставот и законите. – велат од ВМРО-ДПМНЕ и дополнуваат дека ќе го поддржат оној кандидат што ќе победи на конвенцијата во Струга, односно ќе ја добие довербата од околу 530 делегати.