Меѓу полесно повредените во вечерaшните протести пред собранието се и шест универзитетски професори кои што учествувале во протестите против договорот со Грција, објави Експрес.мк.
Групата повозрасни професори стоеле во близина на Триумфалната порта, далеку од групата која што фрлала со пластични шишиња и петарди врз полицијата, но тоа не ги спасило да не бидат жртви на полициската интервенција.
Се работи за повозрасни професори кои што не презеле никакви насилни дејства.
Полесно повредените професори се Слободанка Алексовска од Природно математичкиот факултет, Билјана Ванковска од филозофскиот факултет, Слободан Пренџов од техноолошкиот факултет, Богдан Богданов од ПМФ. Во оваа група била и професорката Солза Грчева лидер на партијата Глас за Македонија.
Некои од жртвите на полициската интервенција вечерва тврдат дека биле погодени со гумени куршуми, некои биле туркани на земја.
На една граѓанка бомба со солзавец и експлодирала во скут а еден граѓанин добил гумен куршум во нога додека јадела сендвич.