Македонија 22. ноември 2020. / 09:59

Штип, Скопје и Свети Николе се најблиску до колективен имунитет

Штип, Скопје и Свети Николе се најблиску до колективен имунитет

Според последните извештаи на општински ЦЈЗ од15.11.2020 година, Штип е најблиску до така наречен колективен имунитет од Ковид 19, а веднаш по него се Скопје и Свети Николе.

Анализата ја прави професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој од почетокот на епидемијата континуирано дава пресек на состојбата со Ковид 19, според бројките на заразени, оздравени и починати.

Кумулативната инциденца покажува колкав е вкупниот број на досега дијагностицирани на 100.000 жители. Секои 1000 претставуваат официјална прележаност од 1% на населението. Вистинската е веројатно 10 пати поголема. Тука најдалеку е Штип, по него Скопје и Свети Николе.

Целата анализа можете да ја прочитате на ФБ профилот на Проф. Дејан Трајковски:

21.11.2020. Еве ги најновите рангирања според општински ЦЈЗ на ден 15.11.2020 година. Пронајдете ја својата општина и…

Posted by Дејан Трајковски on Saturday, November 21, 2020