Македонија 04. мај 2020. / 12:53

Проф. Малески преку Мисирков и Делчев му зари нож в грб на македонизмот

Проф. Малески преку Мисирков и Делчев му зари нож в грб на македонизмот

…Да се откажит чоек от својо народен јазик, значит, да е откажит он и от народнијот дух. Ние сме должни да милуамо нашиот јазик, зашчо тој јест наш, исто така, како шчо нијет наша татковина ни…Ние имаме и прао, осем долгот, да браниме нашиот јазик и тоа прао нијет свешчено…Значит, да се откажит један народ от својот јазик, се велит, да се откажит он и от сам себе…!

Значи, вака во своите „За македонцките работи“ пишувал Крсте Петков Мисирков пред повеќе од стотина години.

На крајот на 1999 и почетокот на 2000 година, значи на изминување на даваесеттото столетие, проф. Јован Павловски во неговите тогашни две списанија „Македонско време“ и „The Macedonian Times“ спроведе ексклузивни анкети за избор на дваесет најсудбоносни настани за Македонија и на триесет најзначајни Македонци во ХХ век. И меѓу најзначајните Македонци првите две места им припаднаа на Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев.

„Меѓу стотици и стотици имиња на значајни Македонци, од сите области на националното, револуционерното, политичкото, државното, општественото, духовното, културното и спортското живеење на Македонија во стоте години на ХХ век, личности кои ги вградиле своето име и своето дело во утврдувањето на и во афирмирањето на македонскиот народ и во борбата за македонската држава, од 329 учесници во единствената по својата содржина анкета на списанијата, 324 се определија за Крсте Петков Мисирков! Само четворица од нив не го запишаа името на Мисирков, кој во 1903 година со својата книга „За македонцките работи“, како и својата понатамошна научна, општествена и публицистичка активност, се до својата смрт ги постави основите на современиот македонски литературен јазик и го афирмира, низ континуиран процес, ентитетот на македонскиот народ и неговата посебност…“, пишуваше тогаш проф. Павловски.

Дали меѓу учесниците на анкетата бил и проф. Денко Малески или не, не е познато, исто како што не е познато дали ако учествувал во неа, бил еден од четворицата, кои не го споменале името на Мисирков.

Меѓутоа, не требаше да помине многу време за да се видат погубните резултати за неговите ставови за Мисирков и Делчев.

На пример, денешен Фактор.бг излезе со опширен текст насловен како „Северна Македонија-меѓу оковите на југо-комунизмот и ЕУ“. А, поднасловот е уште посочен, па вели-„Македонското општество треба политички да созрее до степен да го прогласи македонизмот за кривично дело, зашто титоизмот и бугарофобијата немаат место во европското семејство“.

Во текстот потпишан од извесен Методиј Иванов, има уште многу интересни детали, што треба внимателно да се прочитаат. Особено внимание предизвикува изјавата на претседателот Стево Пендаровски од неговото последно ТВ-интервју во кое, меѓу другото, изјави дека во Договорот за добрососедство има термин „споделена историја“, а не „заедничка историја“.

Историски гледано и онака како што го толкуваат нашите историчари, македонизмот како појава во разни варијации егзистира од почетокот на 19 век. Под овој термин треба да се вбројат сите движења и заложби за посебноста на македонскиот јазик, црква, нација и секако за посебна македонска джава. А, како најголем торетичар на македонизмот низ сите негови форми се смета Крсте Петков Мисирков. Побориците на македонизмот, пак, во соседна Бугарија од секогаш биле етикетирани како македонисти при што терминот има пежоративно значење. Меѓутоа,  Македонците овој термин го доживуваат и прифаќаат како позитивен патриотски епитет.

И сега стануваат актуелни внатрепартиските случувања во СДСМ, посебно од аспект на поддршката што доаѓа на адреса на Пендаровски, откако изјави, парафразирано, дека не ни треба ЕУ ако не зборуваме на македонски јазик и не сме Македонци.