Овие денови поранешниот премиер Никола Груевски ги повикал неговите адвокати и други лица од обвинетите, во различни предмети, дознаваме од извори блиски до адвокатите.
Груевски самиот има изјавено, во една слична прилика, уште минатата година, дека неколку од адвокатите му рекле дека чуствуваат непријатност за хонорарите кои ги наплаќаат, бидејки се соочуваат со политички случаи, а дека тие се експерти за право и правни случаи, па според тоа имаат чуство дека не му помагаат.
Како што дознава „Економски лидер“ на состанокот деновиве еден од адвокатите, позната личност во оваа фела, држејки го во рака предметот „Тенк“ му рекол на Груевски:
Во овој предмет проблем е само Вашето име. Доколку наместо Никола Груевски, во предметот стои Никола Јанковски или Трајковски или Стојановски или било кој друг граѓанин во земјата, овој предмет веднаш ќе падне на суд, и судиите кои си ја знаат работата немаше да имаат ни малку дилема. Поточно предметот немаше ни да дојде во суд…Значи проблемот е името. Вашето име…
Според нашите извори, Груевски на ова додал:
И уште едно име…името на државата.
Додека судењата против поранешниот премиер се забрзани, во кривичниот суд, сите други судења се сериозно забавени или застанати и се судат само предметите од СЈО. За другите нема ни слободна сала, ни време, ниту слободен судија од одделот каде се судат ваков вид предмети.
Судиите дури и јавно, на самите судења кажуваат дека сите други предмети ги одлагаат бидејки им било кажано да дадат приоритет на предметите од СЈО.
Слично е и во апелациониот суд. Просек на репавање на предметите е 6 до 9 месеци. Предметот на Груевски експресно се се решава за месец и половина до два.