Вчера во 11,45 часот на Граничен премин “Меѓународен аеродром“ Скопје од полициски службеници бил приведен Л.К.(20) од Р.Косово.
По извршената проверка било констатирано дека, словенечката патна исправа и лична карта кои пријавениот ги приложил се фалсификувани, а при извршениот преглед во неговиот багаж била пронајдена и фалсификувана словенечка возачка дозвола на негово име, за кои пријавениот изјавил дека ги набавил од лице во Косовска Митровица, Р. Косово.
Лицето е предадено на полициски службеници од Одделениети за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Скопје и за настанот бил известен јавен обвинител за понатамошна постапка, соопштија од МВР.