Македонија 30. јуни 2019. / 22:59

Претставници на ВМРО ДПМНЕ положија цвеќе на споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија

Претставници на ВМРО ДПМНЕ положија цвеќе на споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија

Денеска 30.06.2019 година, на споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија, жртви на Граѓанската војна во Грција од 1946-1949 година, партиска делегација предводена од членовите на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев и Иванка Василевска положија свежо цвеќе.

Споменикот на децата бегалци е откриен на 30 јуни 1988 година, кога во Скопје е одржана Првата светска средба на децата бегалци. Со полагањето цвеќе на Споменикот се одбележуваат 70 години од крајот на Граѓанската војна во Грција.