Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 24 и 25 јуни, 2019 година ќе престојува во официјална посета на Германија.
Претседателот Пендаровски ќе оствари одвоени билатерални средби со претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи, Хајко Маас.
За време на официјалната посета претседателот Пендаровски ќе биде почесен гостин на вечера организирана од страна на Аспен институтот во Берлин.