Македонија 16. септември 2019. / 10:07

Претседателот на Европскиот совет, Туск утре во посета на Македонија

Претседателот на Европскиот совет, Туск утре во посета на Македонија

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск утре ќе престојува во посета на Република Северна Македонија. Туск, како што информираа од Владата, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.

По средбата предвидена е заедничка прес-конференција на Заев и Туск во 12:15 часот во Владата. Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната можна одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.

Мандатот на актуелниот претседател на Европскиот совет истекува на 1 декември, а на негово место ќе дојде премиерот на Белгија, Шарл Мишел.