Македонија 04. ноември 2019. / 20:15

Претседателот на ЕП: Среќен сум што европскиот дух не е скршен во оваа земја

Претседателот на ЕП: Среќен сум што европскиот дух не е скршен во оваа земја

„Имав одлична средба со премиерот на Северна Македонија Зоран Заев денеска во Скопје“, напиша претседателот на Европскиот Парламент на својот Твитер налог по средбата во Владата со премиерот Заев.

– Среќен сум што европскиот дух не е скршен во оваа земја. Заедно ќе ги надминеме сите пречки и ќе преминеме кон отворање на преговори за членство, напиша Сасоли на Твитер.

Тој во Владата одржа заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, а оствари средба и со претседателот Стево Пендаровски.