Претседателот на ДИК Оливер Дерковски потврди дека референдумот не успеа затоа што не се постигна цензус.
Според повеќе од 85 проценти обработени пристигнати податоци, и со излезеност 36,11%, може да се констатира дека референдумот е неуспешен.
Како што кажа Дерковски во последното обраќање, остана уште мал број на резултати да се обработат, но според трендот, неофицијално референдумот не е успешен, бидејќи не се постигна еден од законските услови, а тоа е да излезат повеќе од половина граѓани запишани во избирачкиот список.