Македонија 23. јануари 2019. / 10:29

Претседателот на црногорското Собрание во посета на Македонија

Претседателот на црногорското Собрание во посета на Македонија

Денеска во Македонија во официјална посета, пристигнува претседателот на црногороското Собрание Иван Брајовиќ.

Тој во 10:15 часот ќе оствари куса средба со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери. Брајовиќ потоа ќе се потпише во книгата за впечатоци на Собранието, а во 12 часот ќе има обраќање пред пратениците во Собранието на Македонија.

Брајовиќ ќе има средба со пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Црна Гора.