Македонија 25. јуни 2019. / 10:19

Претседателот ја продолжува посетата на Германија

Претседателот ја продолжува посетата на Германија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја продолжува официјалната посета на Сојузна Република Германија.

Пендаровски вчера се сретна со германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас со кого разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави.

Притоа, како што информираа од Кабинетот на претседателот, е констатирано дека двете земји имаат изградено односи на пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување.