Македонија 23. март 2020. / 13:41

Прес-конференција на Венко Филипче за состојбата со корона вирусот

Прес-конференција на Венко Филипче за состојбата со корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, во 15 часот ќе ја одржи редовната дневна прес-конференција на која ќе информира за состојбата со корона вирусот во Македонија.

Последните податоци се дека во земјава има 22 нови случаи на заразени, со што вкупната бројка на заболени се искачи до 136.

Исто така, Македонија ја забележа и втората жртва од корона вирусот, откако почина 63-годишенжител на Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.

Прес-конференцијата може да ја следите во живо на следниот линк.