Македонија 09. декември 2020. / 12:03

Прес конференција на Мицкоски во 13 часот по повод 100 дена Влада

Прес конференција на Мицкоски во 13 часот по повод 100 дена Влада

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во 13 часот ќе одржи прес-конфренција на која ќе говори за тоа што сработи Владата во изминатите 100 дена.

-Ветија живот, можеле подобро, можеле повеќе, а за 100 дена добивме:
Вето на патот кон ЕУ – загубена интеграција.
Трговија со идентитет – загубено достоинство.
1400 загубени животи за само сто дена.
Поскапа струја.
Загубени заштеди – пропадната банка.
Втор ТАТ, овој пат тежок 200 милиони евра.
Економија во рецесија…
Ова не се работи кои се случија за 10 години, туку ЗАГУБИ за 100 дена Влада на Заев.
Следете ја во живо мојата прес конференција во 13 часот, објави Мицкоски на Фејсбук.

 

Ветија живот, можеле подобро, можеле повеќе, а за 100 дена добивме:

❎Вето на патот кон ЕУ – загубена…

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, December 9, 2020