По неуспешната лидерска средба која седум час атраеше во македонското Собрание, прес-конференција одржа премиерот Зоран Заев, а во 13. часот прес-конференција најави и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.
Прес-конференцијата ќе се одржи во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, на прес-конференцијата на премиерот Заев, тој истакна дека патиштата за „Рекет“ според него водат до Мицкоски, дека правда ќе има, како и дека сите барања на опозицијата биле нелогични и со цел да се одбрани криминалот на режимот.