Македонија 06. април 2020. / 12:17

Апел на надлежните: Пред употреба да се преврива водата за пиење во Кавадарци и Демир Капија

Апел на надлежните: Пред употреба да се преврива водата за пиење во Кавадарци и Демир Капија

Поради обилните дождови во изминатиот периот силно е заматена водата за пиење во Кавадарци и Демир Капија, поради што надлежните препорачуваат таа да се преврива пред употреба.

Од Центар за јавно здравје Кавадарци стигна известување дека поради долготрајните врнежи е предизвикано заматување на водата. Затоа се молат граѓаните пред употреба задолжително да се преврива, се до воспоставување на нормална состојба – информираат од кавадаречкото Јавно претпријатие „Комуналец“.

Од Јавното комунално претпријатие „Бошава“, пак, ги известуваат сите граѓани на Демир Капија и околните села, водата за пиење во наредните неколку дена да се преврива, поради можно заматување на водата од поројните дождови.

Ова известување е превентивно, се додека не пристигнат меродавните хемискофизички анализи од Центарот за јавно здравје, за што ќе следи благовремено известување – информираат од демиркапиското комунално претпријатие.