Македонија

Премиерот вози БМВ мотор од 30.000 евра – не пријавил дека го поседува (ФОТО)

Премиерот вози БМВ мотор од 30.000 евра – не пријавил дека го поседува (ФОТО)

Премиерот Зоран Заев на мотоцикл денеска дојде од Струмица во Крушево, каде му беше гостин на градоначалникот Томе Христоски, по повод неговиот именден.

Заев пристигнал со поголема група на моторџии и направиле обиколка низ градот, додека Христоски ги придружувал во автомобил за време на обиколката.

Премирот возеше моторцикл БМВ, од моделот K 1600 GT/GTL Excl, кој од застапниците во Македонија се продава по цена од 29.990 евра и важи за еден од најскапите и најексклузивни моторцикли на пазарот. Повеќе информации за цената, дистрибутерот и моделот, на следниот линк.

Премиерот Заев овој Моторцикл го нема пријавено во неговиот анкетен лист во Државната комисија за спречување на корупција, по што се поставува прашањето дали тој крие имот или можеби овој моторцикл го позајмил од некого за денешниот настан, за што според Законите во Република Македонија, потребно е да има полномоштво.