Македонија 22. април 2018. / 13:09

“Премиере не си играјте со нашето трпение” – Дебарца излезе на протест против депонијата (ФОТО)

“Премиере не си играјте со нашето трпение” – Дебарца излезе на протест против депонијата (ФОТО)

Жителите на Дебарца излегоа на протест против изградбата на регионална депонија во нивната општина и под мотото „Дебарца чиста” порачаа дека Деабрца ја наследиле чиста и чиста ќе остават.

Еколошкиот бунт на жителите на Дебарца започна точно напладне во селото Ботун, а најавија и запирање на сообраќајот на патот Охрид-Скопје во близина на Ново Село.

Граѓаните носеа пароли со кои го предупредуваа премиерот Заев да си го одржи ветувањето дека ќе се дислоцира депонијата и да не си игра со нивното трпение.

– Дајте ни го она што ни го ветивте нам а не на вашите коалициони партнери – порачуваат жителите на Дебарца.

Жителите бараат да се поништи одлуката за изградба на регионална депонија во село Годивје