Македонија 08. април 2019. / 14:24

Преговарачот на ВМРО-ДПМНЕ ја одложи денешната средба за Закон за јавното обвинителство

Преговарачот на ВМРО-ДПМНЕ ја одложи денешната средба за Закон за јавното обвинителство

Преговарачот од ВМРО-ДПМНЕ за новиот Закон за јавното обвинителство, адвокатот Тони Менкиноски денеска бил повикан на средба во Министерството за правда, но побарал одложување на средбата..

Од Министерството за правда велат дека Менкиновски одговорил оти сé уште немаат изградено ставови за одредени прашања и побарал средбата да се одложи.

Според информациите од Министерството за правда, во саботата на Менкиновски му беше пратен законски текст со вграден дел од амандманите кои не ги загрозуваат постапките и статусот на СЈО, а кои главно се однесуваат на одредби од етичкиот кодекс во Законот.

Пред денешната покана за средба во Министерството за правда, Менкиноски рече дека иако на последната средба со министерката за правда Рената Дескоска доставиле 65 амандмани за Законот и се договориле да се видат повторно за амандманите, поминало повеќе од една недела, оттаму не му се јавиле.