Македонија 18. јануари 2021. / 10:49

Пред децата Заев морал да објаснува дека не зел рекет од 60 милиони евра

Пред децата Заев морал да објаснува дека не зел рекет од 60 милиони евра

Премиерот Зоран денеска се појави како тужител во случајот против новинарот Зоран Божиновски. Заев истакна дека ретко тужи, но оти ова ги поминале сите граници.

Тој од Божиновски бил наречен дека е дел од рекет шема, дека некој зел 60 милиони евра, па дури и дека е земен аванс.

Ме нарекуваат багра и јас морав да им објаснувам на моите деца и семејството. Прагот на толеранција ми е висок, но ова не е само еднаш. Јас сум едноставен човек со нормални чуства и не сакам да минувам низ вакви моменти, рече Заев.