Ниту еден македонски медиум не ја пренесе целата изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев во која тој зборуваше за неговото наводно право јавно да напаѓа медиуми, пишува Горан Момироски од Експрес.мк.
Изјавата беше дадена на прашањето на колегата Фуркан Салиу: Зошто етикетира медиуми и се однесува како Груевски. Предходно Заев одби да одговори на прашање на Александар Митовски кој веќе е осуден на условна затворска казна за објавување на документ кој е штетен за екс премиерот. Дел од тие медиуми што се под негова контрола не сакаа да го навредат со пренесување на изјавата која е крајно нелогична и зборува за тотално отсуство на разум, рационалност и човечност кога се работи за односи со медиуми и новинари.
Отакако беше запрашан од колегата од ТВ Клан Салиу зошто го имитира Груевски Заев веднаш го запре без да му дозволи да се искаже (што само по себе покажува за каков демократски капацитет се работи) и објави дека бил многу транспарентен и други небулози.
„Мое право е во делокругот на мојата слобода е исто така да ја номинирам и да ја нотирам политичката целосна определба на медиумот. И тоа комплетно определба на медиумот контра „влас“, изјави Заев јавно признавајќи дека тој етикетира новинари затоа што прашањето се однесуваше на етикетирање, а не на транспаретност или слобода на говор.
Ако се стават настрана зборовите како “номинира” за кој најверојатно Заев не знае што значи затоа што не му е место во оваа реченица, со оваа изјава тој ни кажа дека кога станал најмоќен функционер во државата (лидер на СДСМ и премиер) не ни помислил да се откаже од својот замислен делокруг на слобода на говор кога се работи за неговите критичари.
Со оваа изјава Заев практично призна дека за него во Македонија има две категории граѓани, едни што го фалат други што го напаѓаат. И врз основа на таа поделба тој го користи своето право да етикетира, да нотира и на друг начин да реагира. За потсетување, двајца врвни македонски новинари кои работеа во медиуми критичари на ВМРО-ДПМНЕ пред да дојде СДСМ на власт, Бранко Героски и Зоран Димитровски, во текот на мандатот на Заев како премиер беа сменети само затоа што се осмелија да критикуваат потези на владата на СДСМ.
Со изјавата која може да ја видите на крајот на овој текст Заев вели дека дека согласно неговиот делокруг на слобода тој можел да ја злоупотребува својата партија која во неколку наврати јавно преку некогашната колешка Богданка Кузеска и други партиски функционери ја нападна Алфа Телевизија и 4 други портали.
Со ваквата изјава Заев индиректно призна дека постои реална можност против критичките медиуми а согласно неговото лично, правото како лидер на партија на власт и како премиер да користи (користел) државни институции како Финансиското разузнавање, финансиската полиција, УЈП и други со цел да се пресмета со тие медиуми што го критикуваат.
Целата колумна на овој линк