Македонија 10. декември 2018. / 22:21

Пратеникот Самка преку Фејсбук им нуди вработување на Ромите во Германија

Пратеникот Самка преку Фејсбук им нуди вработување на Ромите во Германија

Самка Ибраимовски, пратеник од ПЦЕР во македонското собрание и коалициски партнер на СДСМ на своите гласачи им наоѓа работа во Германија.

На неговиот фејсбук профил тој ги повикува сите ѕидари, тесари, градежни работници да го контактираат на мобилниот телефон за работа во Германија. Коментарите на социјалните мрежи се движат во насока дека претставникот на Ромите во македонскиот парламент е Агенција за вработување или за странски инвестиции.