Македонија 19. октомври 2018. / 19:19

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат од ЈО да испита дали е вршен притисок врз пратениците

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат од ЈО да испита дали е вршен притисок врз пратениците

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата апелира до Јавното обвинителство да испита дали е вршен притисок врз пратеници во Собранието со цел да гласаат за уставните измени.

Според опозицијата согласно член 68 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, седницата на Собранието трае од 11 до 18 часот освен ако со писмо Претседателот на Собранието не одлучи поинаку. До овој момент, 18:30, немаат никакво известување и се смета дека денешната седница е завршена.

Пратеничката група апелира до надлежните институции, особено до ЈО, да ги испитаат наводите изнесени во повеќе медиуми во текот на денот дека врз неколку пратеници во Собранието е вршен притисок и дека преку уцени, закани или понуди за поткуп се влијае врз нивната одлука за гласањето во однос на Уставните измени.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата потенцира дека никој во Собранието, ниту надвор не смее да врши притисоци врз пратениците.