Македонија 14. јануари 2019. / 11:55

Пратениците ќе одлучуваат по иницијативата на Тодор Петров за нов референдум за името

Пратениците ќе одлучуваат по иницијативата на Тодор Петров за нов референдум за името

Во Собранието денеска ќе одржат две седници Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Една од седниците е закажана поради иницијативата на Тодор Петров, претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), за нов референдум за името.

Граѓанската иницијатива е за собирање на потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија.

Петров на крајот на миниот месец, на прес-конференција, најави дека е поднесена иницијатива за да се распише референдум со прашање ,,Дали сте за Северна Република Македонија”.

-Во 2018 година беше одржан консултативен референдум ,2/3 од граѓаните не гласаа и го бојкотираа. И оваа одлука Владата не ја почитуваше. Затоа ние на 20 декември со потпис на 130 граѓани и јас како овластен предлагач, поднесов иницијатива за собирање 150.000 потписи за распишување задолжителен референдум со единствено прашање – Дали сте за промена на името во Северна Република Македонија – изјави Петров.