Македонија 19. јуни 2018. / 10:16

Пратениците ќе го разгледуваат договорот со Грција, најавени протести пред Собранието

Пратениците ќе го разгледуваат договорот со Грција, најавени протести пред Собранието

Ратификацијата во Собранието се очекува да ја следат и протести на кои повикаа демонстрантите кои синоќа продолжија со протестите пред законодавниот дом, а се против договорот со кој се решава долгогодишниот спор за името со Грција.

Но за разлика од претходниот ден, вчерашниот протест беше мирен и без инциденти, но со засилено полициско обезбедување.