Македонија 12. септември 2020. / 18:30

Пожарникарите се жалат за намалените плати а Шилегов ги нарече манипулатори

Пожарникарите се жалат за намалените плати а Шилегов ги нарече манипулатори

Во чад.Некогаш со заштитна опрема, некогаш без.Им го спасуваат животот на сите, а својот си го отежнуваат.Вака пожарникарите работат за да обезбедат парче леб. Целата оваа работа ја вршат за само 20 илјади денари плата, бидејќи минатиот месец им е намалена за 20%, пишува тв 21.

Како што направија другите сектори и пожарникарите го кренаа гласот. Бараат покачување на платите.

Г-дин ГРАДОНАЧАЛНИК Петре Шилегов, на овие херои со години им се крати по 20% од платите.. Немале опасна работа… Цел свет ги величи за жал кај нас омаловажувани..! Уште овој месец да ги ставите во плата..!“, истакнува Нуредин Мустафа.

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје се закани и со протести, но за тоа Шилегов не слушнал. Вели дека намалувањето наплатите не било по негова желба туку бидејќи се скратени блок дотациите. А на реакциите а пожарникарите гледа како на манипулација, пишува Тв 21.

Доколку побарате на интернет, меѓу главните вести која се поврзува со Шилегов и пожарникарите е неговото ветување за нови вработувања.

Нови вработувања вети и денеска.

Вработувањата имаа за цел да се подмлади кадарот, и тие што се во поодмината возраст да заминат во пензија.