Македонија 11. ноември 2020. / 16:15

Повторно нов земјотрес го стресе Скопје

Повторно нов земјотрес го стресе Скопје

Пред неколку секунди Скопје повторно го стресе земјотрес.

Станува збор за афтер шок од силниот земјотрес кој утрово го погоди Маврово и Ростуше во пет часот изутринава.

Тој беше со јачина од 5 степени по рихтер, а попладнево во 12 часот следуваше уште еден силен земјотрес со јачина од 4,4 степени.

Повеќе информации за епицентарот на овој земјотрес многу наскоро.

Најверојатно истиот е почувствуван во повеќе градови низ земјава.