Вработен во Владата е позитивен на Ковид-19.
Информацијата ја објави „Инфомакс“, кој добил официјална потврда за случајот.
Во одговорот од Владата до порталот се наведува дека сите вработени кои имале непосреден контакт со заболениот вработен се во изолација.
Владата на Република Македонија уште од самиот почеток на појавата на Корона вирусот Ковид-19 во земјава ги презеде сите мерки за заштита на здравјето на вработените и за намалување на потенцијалните ризици во работењето.Поради утврден случај на вработен во Владата на Република Македонија, позитивен на Корона вирусот Ковид-19, се преземени засилени мерки на заштита и превенција, со што работните процеси продолжуваат со редовна работа. Сите вработени во Владата на Република Македонија кои имале непосреден контакт со вработениот кој е позитивен на Ковид-19 ќе бидат во самоизолација во наредните 15 дена, согласно воспоставената комуникација и добиени насоки од надлежните институции во Република Македонија. Владата на Република Македонија му посaкува брзо опоравување на вработениот и со нетрпение го очекува неговото враќање на работа – се наведува во информацијата.