Македонија 28. август 2020. / 12:35

Потпретседателските места во парламентот веројатно ќе останат за помалите партии

Потпретседателските места во парламентот веројатно ќе останат за помалите партии
????????????????????????????????????

Ако опозицијата навистина се откаже од можноста да номинира наследник на Џафери, СДСМ, според партискиот лидер, ќе го следи тој чекор

Доколку ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето право на потпретседател во Собранието тоа ќе го стори и СДСМ. Ова го изјави денеска во Македонска Каменица мандатарот Зоран Заев, по најавата од опозициската партија дека нема да номинира кандидат за заменик на спикерот Талат Џафери, а откако парламентот утврди пет можни потпретседателски позиции.

Дебатата на оваа тема, според Заев, била дали да има три или уште двајца потпретседатели, затоа што и минатиот состав одлучи да има пет потпретседатели.

Навистина и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ можат да имат по еден потпретседател, што значи дека тогаш би останале трите места за помалите политички заедници во државата. Потпретседател на Собранието зема од 100 до 150 евра поголема плата од пратеник. Но ако ВМРО-ДПМНЕ се повлече и ние ќе се повлечеме и ќе отстапиме простор на помалите, ете и за бројката на потпретседатели да биде помала. Ќе видиме како ќе постапат и така ќе се однесуваме, затоа што на крајот одговорноста е на сите нас, рече Заев.