Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и аташето за одбрана на Норвешка Егил Далтвеит потпишаа Протоколот за норвешка донација што се состои од потрошен медицински материјал во износ од 100 илјади евра.
Како што соопштија од Министерство за одбрана, овие средства се дополнување на 200 илјади евра што Норвешка веќе ги обезбеди преку Агенцијата за поддршка и набавка на НАТО.
Како што се појаснува во соопштението, вкупниот износ од 300 илјади евра ќе се искористи за обезбедување медицински материјал и опрема наменети за мобилната болница „ROLE 2 MTF“, која е исто така норвешка донација и која Министерството за одбрана и Армијата ја поставија до Клиниката за инфективни болести во Скопје, со што се овозможија дополнителни 130 до 200 болнички легла.
Чекорот на Норвешка е уште еден во низата позитивни примери на помош и поддршка на членките на НАТО кон Република С. Македонија, како искрено добредојде на нашата земја во Алијансата – стои во соопштението на МО.