Македонија 21. ноември 2018. / 21:58

Портпаролот на унгарската влада му твитна на Хан поради Груевски: Препрочитај си го извештајот за Македонија!

Портпаролот на унгарската влада му твитна на Хан поради Груевски: Препрочитај си го извештајот за Македонија!

Портпаролот на Владата на Унгарија, Золтан Ковач преку Твитер му одговори на Комесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, кој претходно побара објаснување од унгарската Влада за доделување на политичкиот азил на екс премиерот Никола Груевски.

Ковач му напиша на Хан да почне да го чита извештајот на Европската Комисија од март 2018 година за Македонија во којшто пишува за „постоење на ризик од политичко влијание врз судството“.