Македонија 20. ноември 2018. / 11:29

Поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ јавно се понижуваат со цел да ја одработат својата слобода

Поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ јавно се понижуваат со цел да ја одработат својата слобода

Уредникот на Економски Лидер Љупчо Златев на својот Фејсбук профил ги коментираше појавувањата на поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ на провладината телевизија 1ТВ.

Златев напиша дека поранешните функционери, се со цел да ја одработат својата слобода, јавно се понижуваат со изнесување на тези нарачани од власта.

– Овие кутри душички од ВМРО-ДПМНЕ кои се појавуваат на 1ТВ за да ја поддржат власта и уставните измени (вечерва Пешевски), ме потсетуваат на неколкумина уценети социјалдемократи кои за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се појавуваа кај Миленко за да ја бранат и поддржуваат тогашната власт!
Хегеловата пермиса дека историјата се повторува еднаш како трагедија, а потоа како фарса, уште еднаш се потврдува на ова проклето парче земја.
За иронијата да биде уште поголема, се чини и тогаш и сега истиот човек со иницијали С.М – ги договара гостувањата.
Да се разбереме, не е проблем да се биде отворен кон сите медиуми, емисии и новинари, проблем е во гостувањата да се одработува за својата слобода преку јавно себе-понижување со изнесување на тези нарачани од власта.
Знам дека е најлесно да се биде апологет, но и затворите се за луѓе! Почист образ ќе имате како затвореници со достоинство, отколку вака, како “слободни” кукли во куклен театар. – напиша Златев.