Иван Цветановски, поранашен специјалец на социјалните мрежи објави зошто ја напуштил АРМ.
Доста ми беше од слушање на дезинформаци како сум ја напуштил и зошто сум ја напуштил специјалната единицата Волци.
Би сакал на кратко да ви кажам вистината. Првата и најголемата причина беше промената на името на државата и на армијата. Втората причина почнаа надвор од единицата да ми местат кривични дела за кои не сум ни бил а камо ли да сум ги сторил. Со тоа почна притисок и проблеми на работата. Ми беа врзани рацете да не зборам и да се борам за Македонија надвор од армијата и имав големи притисоци. Третата причина е можам слободно да кажам донесување на нови припадници без селективен курс и кршење на сите правила на единицата по која таа беше позната. За да влезеш беше задолжително да поминеш селективен курс. Но власта со бившите припадници на УЧК и генералите кои подлегнаа на присокот од власта внесоа Албанци кои не заслужија да влезат бидејќи немаа селективен курс. Со тоа беше нарушен кодексот на единицата само за да се задоволат политичките интереси со тоа беше нарушен угледот на единицата и нејзино понижување. Бидејќи беше премногу донесов одлука да ставам баретка во џеп и да излезам од единицата. За да можам да ја продолжам борбата за Македонија бидејќи во единицата ми беа врзани рацете. Бидејќи сите припадници на единицата се добри и храбри најбитно од се патириоти кои си ја сакаат државата но уценети со најлошто. Па сакам во име на сите припадници да ја кажам вистината дека сите припадници беа против тој потег па макар и на моја штета ако треба и жртва ќе бидам ама сите да ги знаат маките на моите браќа кои се врзани во окови. Но не е само тоа има многу работи накратко да им ставам крај на дезинформациите. Иако ја ставив баретката во џеб не како е пишано дека ја фрлив бидејќи за мене тоа е свето нешто и сум спремен за Македонија да ја ставам во секое време…Македонија вечна, напиша Цветановски.