Аудио снимката во која се слуша како лидерот на СДСМ, Зоран Заев, зборува за Албанците и колку малку вредат нивните гласови на избори, предизвика лавина реакции кои ги преминаа границите на Македонија.
Последен кој се огласи со остра реакција и осуда на ставовите на Заев кон Албанците, е поранешниот претседател и премиер на Албанија, Сали Бериша. Тој на својата Фејсбук страница го постира снимениот разговор на Заев критикувајќи ги навредите кон Албанците.
Еве како ги навредува Албанците, човекот кој со својот патрон Александар Вучиќ, сакаат да го вратат проектот за Голема Србија во вид на Нова Југославија наречлена Мини Шенген – напиша Бериша.