Поранешниот припадник на Полкот за специјани операции „Волци“, Иван Цветковски, во интервју за „Лидер“ говори за генералната состојба во Армијата и безбедносните служби воопшто, како и за причините за неговото напуштање на единицата „Волци“.
Како што вели Цветковски, причина за оставањето на униформата биле понижувањата и тортурите што тој и неговите соборци ги преживувале по промената на името на државата, но и рушењето на сите стандарди што треба да ги исполнуваат сите членови на единицата.
Цветрковски вели дека за него било недозволиво во единицата да се примаат луѓе со сомнително потекло, како и луѓе поврзани со УЧК, кои не исполнувале никакви стандарди од селективниот курс што морале тој и другите припадници на „Волците“ да го поминат. Притоа, тој истакнува дека нема да имал никаков проблем со тоа дали новите регрути се Албанци. Вели дека доколку тие го минале истиот пат за да станат членови на единицата и ги бранеле истите вредност, тогаш ќе стоел рамо до рамо со нив и ќе имал огромна почит за нив.
Како што вели Цветковски, чашата ја прелило промената на името на државата, особено што тоа е во спротивност со неговата заклетва во која јасно е наведено дека ќе брани Република Македонија. Во тие моменти сфатил дека се за што отишол во единицата го нема и одлучил дека повеќе не може да биде дел од тоа.