Македонија 14. јануари 2021. / 22:43

Поради снег, на неколку патни правци на секои 20 минути ќе се пропушта по едно товарно возило

Поради снег, на неколку патни правци на секои 20 минути ќе се пропушта по едно товарно возило

АМСМ соопшти дека, според известување од ДЦС МВР, на секои 20 минути ќе се пропушта по едно товарно возило на патните правци на кои е воведена забрана за нивно движење поради снежните врнежи.

Од 17:50 часот е воведена забрана за товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 18:50 часот на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и од 21:05 часот – на превојот Плетвар, на регионалниот пат Велес – Прилеп и обратно.