Земјотресот што се почувствува попладнево во 15 часот и 25 минути има предизвикано штета во одделни куќи во Галичник.
За ова информираат од Месната Заедница Галичник, упатувајќи апел дека би било пожелно сопствениците на куќите да ја проверат состојбата на истите и доколку има настанато штета, да се пријави на надлежните институции.
Ве информираме дека од земјотресот во 15.25 часот има настанато штета во одделни куќи во Галичник. Би било пожелно…
Posted by МЗ Галичник / MZ Galichnik on Wednesday, November 11, 2020
Денеска овој регион го зафатија серија земјотреси со различен интензитет, а најсилниот беше утринава, нешто пред 5 часот, со јачина од 5 степени.
Во ова подрачје во текот на последните 12 часа се регистрирани и неколку земјотреси со послаб интензитет.