Македонија 04. април 2020. / 14:00

Попладне повторно аеродезинфекција во Кавадарци

Попладне повторно аеродезинфекција во Кавадарци

Денеска попладне повторно ќе се изврши аеродезинфекција во Кавадарци, информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

-Се известуваат жителите на Кавадарци дека денеска со почеток од 16 и 30 часот ќе се започне со аеродезинфекција. Жителите кои живеат во куќи и станбени згради кои се наоѓаат на самите улици, пожелно е да ги затворат своите прозори и врати. Во акцијата ќе учествуваат пет возила кои ќе вршат аеродезинфекција, соопштуваат од кабинетот на Јанчев.

Воедно, појаснуваат дека се почитуваат мерките на Владата и Општината, коишто се однесуваат на превенција од коронавирусот.