Македонија 02. април 2018. / 13:41

Политички реваншизам во МНТ

Политички реваншизам во МНТ

Што се не направија за да уништат една претстава, просто ми е гадно да ви опишувам. Некои пак ништо не направија, додека не лажеа дека ни помагаат и лошо ни глумеа другари.

Имам многу што да кажам за бандите во театарот, и тетарските бандити. Посебно за неталентираните “таленти” на функција, но и за талентираните шуги кои излегоа од истите шугави и мувлосани гардероби, седнаа во фотеља, и ги заборавија сите што останаа по гардеробите, но тоа нека биде на следниот ден на театарот.

Им се заблагодарувам на сите актери кои навистина од Љубов ја работеа нашата претстава. Без еден денар хонорар. Напротив вложија свои пари, време и себе. Не се на листата на Форбс ама се многу богати. И вложуваат во театарот.

Ви Благодарам. Ви симнувам капа, и ви честитам. Играте во првиот проект, кај нас, што потпишал договор дека доколку не излезе на 31ви, се укинува. Браво. Како што прилега за прваци. Мене пак од три режии, една ми укинаа, за втората се борат со сите сили. Не ми даваат да пр’кнам.

Излеговме сепак. Со гилотина над главата. За инат и од љубов. Знам, чудно е, но така е.

Делови од Фб. статусот на Тони Михајловски посветен на актуелното раководство на МНТ.