Македонија 10. јули 2020. / 14:51

(ПОЛИТИЧКИ РАЗГОВОР) Стефан Василевски и Синиша Стојановски за здравствените работи!

(ПОЛИТИЧКИ РАЗГОВОР) Стефан Василевски и Синиша Стојановски за здравствените работи!

Во разговор за здравствениот систем и како тој може да се подобри преку модерни центар-десни програми, Стефан Василевски и Синиша Стојановски, ги објаснуваат темелите на здравствената обнова во Македонија што треба да се случи во наредниот период.

Дел од главните постулати на здравството треба да бидат:

Намалувањето на административните постапки; 

Плати за сите специјализанти;

Платени дежурства;

Здравство ориентирано кон пациентот.

Исто така, предвидена и пропорционална регионална инвестиција во образованието во медицината

Василевски и Стојановски го објаснуваат планот за инвестиција во два клинички центра во Скопје, веќе постоечки со нивна надградба, како и еден во Штип и еден во Тетово.

Стојановски истакнува дека проектот „Обнова“ ќе се фокусира на задржување на младите кадри во здравствениот систем во Република Македонија и не само нивно задржување туку и нивно стручно профилирање и надградување се со цел да се подигне и квалитетот на здравствената услуга, а и кадровата екипираност да биде адекватна на тоа што го подразбира рамномерниот регионален развој и издигнување на квалитетот на здравствените услуги.