Во саботата касно вечерта, полициски службеници упаднаа во „Сектор “. При што сопственикот на „Сектор “, Огнен Узуновски го напиша следниов Фејсбук статус. „Татко ми вика цел живот: „Сине ќе те учи работата, така да сигурен сум дека е у право ‘ќе нè учи работата’. Јас Огнен Узуновски не се осеќам како криминалец и Сектор 909 не е само едно обично диско, туку е еден начин на ‘живот’. Не можете да нè сопрете, тука има многу љубов… Со ова вечерва, сами Вие (знаете на кој се обраќам) треба да размислите дека ако #немаправданемамир“.
Лидер неофицијално дознава дека сопственикот на „Сектор “, Огнен Узуновски е многу близок со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Неофицијално дознаваме дека Оливер Спасовски му се осветува на Огнен, сакајќи да се пресмета со Никола Димитров.
А причината за освета како што неофицијално дознаваме е жестока караница помеѓу Никола Димитров и Оливер Спасовски. Интересен момент е дека во Фејсбук стасусот на Огнен „Со ова вечерва, сами Вие (знаете на кој се обраќам) треба да размислите дека ако #немаправданемамир“, изгледа како Огнен да знае кој стои позади упадот во „Сектор “.