Министерот за внатрешни равоти, Наќе Чулев денеска на прес-конференција извести дека во моментов обезбедува 310 граѓани кои се во изолација поради тоа што биле во контакт или во близина со луѓе болни од корона вирус.
Освен во кризниот регион на Дебар и Центар Жупа, СВР Скопје моментално обезбедува 173 лица под изолација, СВР Битола 13, Тетово 16, каде што е констатирано едно прекршување на мерката изолација и за кое постапува ОЈО Тетово.
– Натаму, СВР Охрид чува 82, Струмица 12 под мерка здравствен надзор. Едно лице од Струмица излегло од изолација своеволно, крим-полицијата го собрала и ќе му поднесе пријава. Во Куманово полицијата чува 6, во Штип 8 лица под изолација, рече Чулев.
Министерот кажа дека според владината одлука, Скопскиот аеродром треба да се затвори за сообраќај во текот на утрешниот ден, среда и апелираше да се почитуваат пропишаните мерки за заштиа од Ковид – 19.