По поканата на Али Ахмети кон албанските лидери за средба, ТВ21 го праша претседателот на СДСМ, Зоран Заев дали поканата ја гледа како некаков притисок кон него за идејата премиер Албанец.
-Да, го гледам ова како притисок врз мене, СДСМ и Коалицијата „Можеме“, за премиер по предлог на ДУИ, посочи Заев за ТВ21.
На годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, в четврток – 13 Август 2020 година, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по оддржаните предвремени парламентарни избори на 15 јули ги покани на заедничка средба парламентарните политички партии на Албанците.