Македонија 23. мај 2018. / 10:14

Поголем број наставници и професори ќе се вработат на неопределено време

Поголем број наставници и професори ќе се вработат на неопределено време

Владата на вчерашната седница донесе одлука за вработувања на неопределено време во основните и средните училишта.

– Владата на седницата ја прифати информација за вработувањата во основните и средните училишта и донесе одлука Министерството за образование и наука да побара согласност од Министерство за финансии за вработување на лица на неопределено работно време во дејноста на основното и средното образование, за работни места за кои може да се оствари полно работно време, се наведува во соопштението на владината прес-служба.