Македонија 24. јануари 2020. / 10:08

Почувствуван земјотрес во Ресен

Почувствуван земјотрес во Ресен

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, синоќа во 18.45 часот е почувствуван во Ресен и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,3 степени, а епицентарот се наоѓал на два километра јужно од Ресен.