Македонија 16. февруари 2020. / 16:13

Почна седницата за самораспуштање на Собранието

Почна седницата за самораспуштање на Собранието

По барање на СДСМ и ДУИ, Собранието попладнево пред да се распушти, го донесе и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за управување со предметите во судовите, за заштита на лични податоци, Законот за инспекторатот за употреба на јазиците и околу 40-на други. На оваа седница не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

По гласањето, 131-та седница беше прекината, а за нејзиното продолжување Талат Џафери рече дека ќе го извести Собранието. По ова, Џафери ја продолжи 137-та седница на која единствена точка е расправата за распуштање на Собранието.

Џафери ги повика пратениците, со што Собранието продолжува да заседава се до неговото распуштање.

На седницата се вратија и пратениците на ВМРО ДПМНЕ.

Прв ќе говори предлагачот на Законот, Талат Џафери.

Собранието претходно ги донесе и законите за јавно обвинителство, како и измените на законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана. На гласањето за измените на законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа.